ЕвропаЕвропа.Портал

ЕК ги повика Бугарија и Чешка да воведат директива за квалитетот на воздухот

Европската Комисија денеска ги повика Бугарија и Чешка да го приспособат своето законодавство за квалитетот на воздухот во согласност со европските правила.

Брисел, 8 ноември 2018 (МИА) – Европската Комисија денеска ги повика Бугарија и Чешка да го приспособат своето законодавство за квалитетот на воздухот во согласност со европските правила.

Двете земји имаат пропусти во спроведувањето на неколку одредби од Директивата во нивното законодавство, при што некои важни принципи несоодветно се рефлектираат во националното право.

Согласно законодавството на Унијата, земјите од ЕУ се должни да преземат соодветни мерки за да го сведат на минимум времетраењето на надминувањето на дозволените вредности. Комисијата изрази загриженост за законодавството на Бугарија, која не одговара на тоа барање.

Бугарија и Чешка добиваат официјални писма со известување за одговор во рок од два месеца.

Ако државите не одговорат, ЕК може да одлучи да испрати разумно мислење, се наведува во соопштението. паг/ми/

Таг
Back to top button
Close