0_Магазин.ПорталМагазин

Доналд и Меланиja Трамп ја добија новогодишната елка за Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија денеска ја добија официјалната новогодишна елка за Белата куќа.

Вашингтон, 19 ноември 2018 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија денеска ја добија официјалната новогодишна елка за Белата куќа.

Претседателот и првата дама на САД ја добија елката, висока шест метри, која била подигната во фармата на Лари Смит во Њуланд, град во Северна Каролина.

Празничната песна „За божикното дрво” се слушаше додека коњите ја влечеа запрежната кола, во која се наоѓаше елката.ир/

Таг
Back to top button
Close