Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Британија ги предупредува родителите да ги вакцинираат децата

Британски здравствени лица ги повикуваат родителите да ги вакцинираат своите деца и предупредуваат дека ќе сносат одговорност за нивна евентуална смрт.

Лондон, 3 ноември 2018 (МИА) – Британски здравствени лица ги повикуваат родителите да ги вакцинираат своите деца и предупредуваат дека ќе сносат одговорност за нивна евентуална смрт.

– Луѓето кои шират митови нема да бидат овде да преземат дел од нивната одговорност кога деца умираат, рече професорката Сели Дејвис, советничка за здравство во британската Влада.

Таа предупреди дека поради ширењето лажни вести на социјалните мрежи за вакцините, значително е намален бројот на вакцинирани деца.

– Голем број луѓе веруваат во тие митови. Вакцинирањето е безбедно, ние тоа го знаеме и спасивме милиони животи низ целиот свет, изјави Дејвис за Би-Би-Си.

Според неа, родителите кои им веруваат на активистите кои шират антикампања на социјалните мрежи „апсолутно грешат“.

Таа информира дека само 87 отсто од декаца во Англија примиле две дози од МРП вакцината (морбили, рубеола, паротитис-заушки). паг/10:24

Таг
Back to top button
Close