Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Берлин: Не може да се преговара за предлог-договорот за Брегзит

На Велка Британија треба да и биде јасно дека не може одново да се преговара за усогласениот предлог-договор за Брегзит, изјави денеска во Брисел германскиот државен министер за европски прашања Михаел Рот.

Брисел, 19 ноември 2018 (МИА) – На Велка Британија треба да и биде јасно дека не може одново да се преговара за усогласениот предлог-договор за Брегзит, изјави денеска во Брисел германскиот државен министер за европски прашања Михаел Рот.

– Не може да се постигне подобар договор од овој кој сега е на маса, истакна Рот.

Пораката од Берлин доаѓа во време кога британската премиерка Тереза Меј се обидува да обезбеди поддршка за усвојување на предлог-договорот во Долниот дом на Парламентот во Лондон.

Поддршката на договорот од страна на пратениците во Вестминстер е неизвесна, од прични што критики за содржината на текстот упатуваат и тврдокорните поддржувачи на Брегзитот, но и оние кои се залагаат за одржување на блиски врски на Велика Британија со Унијата.

Неколкумина министри во британската Влада минатата недела поднесоа оставки на функциите незадоволни со содржината на предлог-договорот, а има и најави од страна на тврдокорните приврзаници на Брегзит во редовите на владејачката Конзервативна партија за покренување иницијатива за сменана Меј.

Предлог-договорот за Брегзит беше постигнат во средата на преговорите меѓу претставниците на Велика Британија и ЕУ. Договорот доби поддршка од британската Влада, по што сега останува за него да се произнесе Парламентот во Лондон, како и земјите членки на ЕУ, кои начелно го поддржаа договорениот текст.

Со него се предвидува Велика Британија во Буџетот на ЕУ да ги уплати обврските за кои се изјаснила во рамки на институциите на Унијата и е утврден преден рок по Брегзит во траење од 21 месец, односно до 31 декември 2020 година.

Избегнато е воведувањето на царински  и гранични контроли на границата меѓу Ирска и Велика Британија, со тоа што британската покраина Северна Ирска ќе остане дел од европската царинска унија.

Договорот предвидува дражавјаните на земјите членки на ЕУ што живеат во Велика Британија, како и Британците населени во државите на Унијата, да ги имаат сегашните права се додека се живи, вклучително и правата на социјални надоместоци и за покана на членовите на нивните семејства да се преселат да живеат со нив.

Почитувањето на обврските од договорот ќе биде под контрола на Судот на ЕУ.

Предвидено е како анекс на договорот да се додаде изјава за идните односи, во која ќе се нагласи дека Велика Британија и ЕУ неможат меѓусебно да си воведуваат царини и квоти за увоз и дека ќе продолжи тесната соработка на безбедносните служби на двете страни. сп/

Таг
Back to top button
Close