0_Магазин.ПорталСцена

Џастин Бибер и Хејли Болдвин се венчаа

Џастин Бибер и манекенката Хејли Болдвин, која инаку е ќерка на познатиот глумец Стивен Болдвин, со објава на Инстаграм им соопштија на обожавателите дека се венчале.

Лос Анџелес, 19 ноември 2018 (МИА) – Џастин Бибер и манекенката Хејли Болдвин, која инаку е ќерка на познатиот глумец Стивен Болдвин, со објава на Инстаграм им соопштија на обожавателите дека се венчале.

Канадскиот поп-пејач објави фотографија на која тие двајца се држат за рака, со придружен коментар „Мојата сопруга е извонредна!“ Хејли потоа го промени своето презиме во – Бибер.

По едномесечна врска, двојката летово се сврши на заедничкото патување на Бахамите. си/гт/

Таг
Back to top button
Close