БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Албански рибари уловија голема опасна ајкула кај Химара

Албански рибари за помалку од еден ден уловија уште една ајкула, овој пат од опасниот вид „дем“.

Тирана, 16 ноември 2018 (МИА) – Албански рибари за помалку од еден ден уловија уште една ајкула, овој пат од опасниот вид „дем“.

Пленот кој „паднал“ во мрежите на рибарите од јужното градче Химара, долг е четири метри а тежок околу 412 килограми, што претставува досега најголема уловена ајкула.

Албанските рибари од пристанишниот град Драч вчера соопштија дека во текот на ноќниот лов, на 100 метри длабочина, во нивните мрежи уловена е ајкула долга три метри и 85 сантиметри и тешка 400 килограми.

Инаку, според биолозите, ајкулите од видот „дем“ се на второ место по опасност по белата ајкула.

Ајкула од овој вид во мрежите на албанските рибари од приморскиот град Валона уловена беше кон крајот на минатиот месец на околу три милји од островот Сазан. Пленот беше долг три метри а тежок околу 100 килограми.

Бидејќи месото од ајкулите важи за вистински специјалитет, тоа веднаш завршува во угостителските објекти на албанското крајбрежје.

Иако последните години зачести присуството на ајкули на албанското крабрежје, тие не претставувале опасност во текот на летната сезона. вт/гт/

Таг
Back to top button
Close