БалканБалкан.Портал

Летни температури ги радуваат туристите во Мармарис и во ноември

„Летното“ време продолжува да ги радува и во ноември туристите и локалните жители во турското туристичко место Мармарс, јави НТВ.

Мармарис, 2 ноември 2018 (МИА) – „Летното“ време продолжува да ги радува и во ноември туристите и локалните жители во турското туристичко место Мармарс, јави НТВ.

Луѓе продолжуваат да одат на плажа за да им се порадуваат на последните топли денови во годината, со лежалки на песок или пливајќи во море, наведува медиумот во репортажа.

Термометрите во Мармарис покажуваат 27 степени, а на водата е 19 степени. Метеоролозите очекуваат топлото време да се задржи до крајот на неделата.зш/

Таг
Close