Политика

Жител на Подгорци во расправија го повредил синот

Струшката полиција поднесе кривична пријава против С.Е.(50) од селото Подгорци, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“.

Струга, 19 октомври 2018 (МИА) – Струшката полиција поднесе кривична пријава против С.Е. од селото Подгорци, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“.

СВР Охрид соопшти дека казненото дело го сторил на 30-ти минатиот месец во семејната куќа во селото кога, започнал вербална расправија со неговиот син О.Е. по што и физички го нападнал.

– Во момент на видна агресивност, сега пријавениот извадил пиштол и со  кундакот го удрил својот син во пределот на главата нанесувајќи му телесни повреди, стои во сопштението. сс/цр/

 

Back to top button
Close