0_Македонија.ПорталПолитика

Заменик-министерот Максути во Прага на средба со чешкиот колега и на „Future Forces Forum“

Безбедносните и одбранбените прашања во регионот и во Европа, како и актуелната политичка состојба во Македонија биле темите на разговор меѓу заменикот министер за одбрана на Република Македонија, Беким Максути и заменикот-министер за одбрана на Чешка Јакуб Ландовски.

Прага, 19 октомври 2018 (МИА) – Безбедносните и одбранбените прашања во регионот и во Европа, како и актуелната политичка состојба во Македонија биле темите на разговор меѓу заменикот министер за одбрана на Република Македонија, Беким Максути и заменикот-министер за одбрана на Чешка Јакуб Ландовски.

Максути кој е во посета на Чешката Република ја предводи македонската делегација која учествуваше на „Future Forces Forum“, во чии рамки кусо разговараше и со чешкиот министер за одбрана, Лубомир Метнар.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, заменик министерот Максути го информирал соговорникот за актуелните настани поврзани со интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ и ги истакнал чекорите и напредокот кои Македонија ги направи во однос на реформите во одбраната, а во поглед на идното членство во НАТО. Заменикот-министерот информираше и за процесот на опремување и модернизација на АРМ, за зголемувањето на буџетот за одбрана и за идните планови на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

Двајцата заменици истакнаа дека соработката меѓу двете земји е на високо ниво и посочија дека истата може да се продлабочи. Во однос на интеграцијата на Македонија кон ЕУ и НАТО, заменик министерот Ландовски истакна дека Чешката Република и во иднина ќе продолжи со поддршката за нашата земја.

Форум е настан посветен на одбранбениот и безбедносниот сектор кој се одржува секоја втора година во Прага со поддршка на Чешкото министерство за одбрана и вооружените сили, цивилни и воени структури од НАТО, Европската безбедносна агенција (EDA) и други институции на кој има повеќе од 200 меѓународни изложувачи и учесници од преку 60 земји. бк/са/

Back to top button
Close