ЕвропаЕвропа.Портал

Заложничка криза во Келн (ДПЛ)

Берлин, 15 октомври 2018 (МИА) – Германската полиција го блокира реонот околу железничката станица во Келн поради заложничка криза.

Регионалната полиција објави на Твитер дека полициски единици се наоѓаат на лице место, како и дека заложник е одведен на плоштадот во близина на железничката станица.

– Претпоставуваме дека е земен заложник или во Мекдоналдс или во блиската аптека. Најверојатно за заложник е земена една жена, но немаме повеќе информации, изјави портпаролката на полицијата.

Во меѓувреме, германскиот магазин „Фокус“ објави дека на железничката станица се слушнале истрели. ми/14:46

###

Таг
Back to top button
Close