Дописници МКД

Во Крива Паланка одбележан Европскиот ден на граѓанска правда

Во Основниот суд Крива Паланка со симулирање судски процес беше одбележан Европскиот ден на граѓанска правда.

Крива Паланка, 25 октомври 2018, (МИА) – Во Основниот суд Крива Паланка со симулирање судски процес беше одбележан Европскиот ден на граѓанска правда.

Настанот се реализираше во соработка со средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, Крива Паланка.

-Основниот суд Крива Паланка денеска беше отворен за средношколците кои под менторство на предметниот професор при кратка посета ги разгледаа судниците, судските сали, а присуствуваа и на симулиран судски процес, кој се одвиваше во една од судниците, како процес од кривичната материја, информира Валентина Николовска, лице за комуникација со јавноста при Основен суд, Крива Паланка.

Во симулираниот судски рпоцес учествуваа лица вработени во Кривопаланечкиот основен суд, кои беа во улогите на: судија, јавен обвинител, претсавник на одбраната, сведоци, а младите ученици беа јавност,  одблиску запознавајќи се со постапката на спроведување судски процес. ид/вг/17:35

Таг
Back to top button
Close