Дописници МKОпштински вести

Во Гевгелија поставен првиот полнач за електрични автомобили

На паркинг просторот во центарот на Гевгелија, ЕВН го постави првиот полнач за електрични автомобили кој овозможува истовремено полнење на два автомобила.

Гевгелија, 25 октомври 2018 (МИА) – На паркинг просторот во центарот на Гевгелија, ЕВН го постави првиот полнач за електрични автомобили кој овозможува истовремено полнење на два автомобила.

Независно од фактот што моментно во градот и околината нема многу хибридни автомобили, мопеди и инвалидски колички кои се напојуваат со струја, од ЕВН сметаат дека економските и незагадувачките ефекти од овие типови возила допрва ќе се препознаваат, а нивниот број во блиска иднина брзо ќе расте.

Електричниот полнач овозможува, на пример, со дополнување на батеријата во времетраење од половина час, автомобилот да помине околу 50 километри што е приближно на растојанието меѓу Гевгелија и Демир Капија.

Со оваа донација, од ЕВН сметаат дека ќе се подигне свеста за еколошките придобивки од користење на електрични возила и заштитата на животната средина.им/са/

Back to top button
Close