Свет

Во Египет уапсен писател поради книга за економската политика на Владата

Египетската полиција го уапси Абдул Калик Фарук, автор на книга за економијата на земјата насловена „Дали Египет навистина е сиромашна земја“ под обвинение дека во книгата објавил лажни податоци, потврдија денеска неговата сопруга и безбедносни извори.

Каиро, 22 октомври 2018 (МИА) – Египетската полиција го уапси Абдул Калик Фарук, автор на книга за економијата на земјата насловена „Дали Египет навистина е сиромашна земја“ под обвинение дека во книгата објавил лажни податоци, потврдија денеска неговата сопруга и безбедносни извори.

Тој бил уапсен вчера, а неговото апсење следувало откако локалните медиуми објавија дека властите од издавачот го заплениле ракописот на книгата, во која Фарук ја критикува економската политика на Владата.

Безбедносни извори рекле дека Фарук бил уапсен и одведен на испитување кај обвинител, додека неговата сопруга изјавила дека тројца полицајци кои го уапсиле писателот рекле дека апсењето е поврзано со книгата. јт/10:50

###

Таг
Back to top button
Close