БизнисЕкономија

Владина делегација на Светскиот инвестициски форум во Женева

Владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев од денеска до среда ќе присуствува на Светскиот инвестициски форум што ќе се одржува во седиштето на Организацијата на Обединетите нации во Женева. 

Скопје, 22 октомври 2018 (МИА) – Владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев од денеска до среда ќе присуствува на Светскиот инвестициски форум што ќе се одржува во седиштето на Организацијата на Обединетите нации во Женева.

Во состав на владината делегација се и министерот за здравство Венко Филипче и советникот на претседателот на Владата Ванчо Узунов.

Вицепремиерот Анѓушев во текот на утрешниот ден ќе учествува на панелот „Инвестициите во новата ера на глобализација“, на кој ќе се обратат претседатели на држави и премиери од повеќе земји во светот, како и извршни директори на реномирани глобални компании. Вицепремиерот Анѓушев ќе учествува и на работниот ручек на Советодавното тело за инвестиции со другите светски лидери.

Министерот Филипче утре во попладневните часови ќе учествува на панелот „Поттикнување на инвестиции за развивање  на нов антибактериски третман“, којшто се организира во рамки на форумот.

Во попладневните часови македонската делегација ќе учествува и на други настани организирани во рамки на Светскиот инвестициски форум. бак/са/

Close