БалканБалкан.Портал

Уште една година турската армија ќе спроведуваа операции во Сирија и во Ирак

Турскиот Парламент денеска изгласа продолжување на мандатот за уште една година на турската армија за трансгранични операции во Ирак и во Сирија.

Анкара, 3 октомври 2018 (МИА) – Турскиот Парламент денеска изгласа продолжување на мандатот за уште една година на турската армија за трансгранични операции во Ирак и во Сирија.

Мандатот на турската армија за спроведување на воени операции во Сирија и во Ирак истекува на 30 октомври.

Во образложението за продолжувањето на мандатот за трансграничните операции се наведува дека присуството на Курдска работничка партија (ПКК) и на Исламска држава во Ирак претставува директна закана за регионалниот мир, стабилност и безбедност.

Како закана во Сирија се посочуваат групите поврзани со ПКК, Партија на демократската унија и Сили за заштита на народот, како и на ИД. ми/20:18

###

Back to top button
Close