ЕвропаЕвропа.Портал

Јункер очекува договор со Лондон, Туск подготвен да свика вонреден Самит

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска изјави дека очекува да се постигне договор со Лондон околу истапувањето на Велика Британија од ЕУ.

Брисел, 18 октомври 2018 (МИА) – Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска изјави дека очекува да се постигне договор со Лондон околу истапувањето на Велика Британија од ЕУ.

– Продолжувањето на преодниот период ќе отвори простор за подготвување на идните односи со Лондон на најдобар начин, изјави Јункер на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот на ЕУ.

Претходно, британската премиерка Тереза Мај побара овој преодниот период да биде околу две години, со што се согласија другите земји членки на ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет. Доналд Туск, пак, рече дека сака преговорите меѓу Брисел и Лондон да продолжат во позитивен дух.

Според него, „кога и ако“ се постигне решителен напредок во преговорите, тој ќе свика вонреден состанок на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ.

– Чувствувам дека денес сме поблизу до конечно решение и договор, а  чувствата, дури и во политиката, имаат значење, рече Туск.

Тој посочи дека синоќа Европскиот совет не го разгледал прашањето за продолжување на рокот од повлекувањето на Велика Британија до влегувањето во сила на подготвениот договор со ЕУ. паг/сп/18:26

###

Таг
Back to top button
Close