БизнисБизнис.Портал

ТТК банка ќе ја спонзорира Македонска филхармонија во новата концертна сезона

ТТК банка АД Скопје ќе ги спонзорира активностите на Македонска филхармонија во новата концертна сезона 2018/19.

Скопје, 2 октомври 2018 (МИА) – ТТК банка АД Скопје ќе ги спонзорира активностите на Македонска филхармонија во новата концертна сезона 2018/19.

– Во текот на новата концертна сезона 2018/19, ТТК банка ќе биде горд поддржувач, ќе ги следи и ќе се радува на врвните музички изведби на фантастичните музичари од земјава и од светот, солистите и диригентите, кои ќе настапуваат заедно со оркестарот на Македонската филхармонија, велат од Банката

Со оваа соработка, додаваат, ТТК банка ја потврдува својата посветеност на вредностите кои ги застапува – квалитет, ентузијазам, умешност, искуство и знаење, тимски дух, професионалност.

– Ова партнерство истовремено ја означува и промовира соработката помеѓу културата и бизнисот што претставува глобален тренд и е од огромно значење за развој на современите концепти на уметничкото и културното творештво. ТТК банка како банка со традиција и искуство од една страна, и иновација и ентузијазам од друга, е веќе препознатлива како општествено одговорна компанија која поддржува значајни проекти од областа на културата, науката, спортот и поширокиот општествен интерес, порачуваат од Банката. вј/12:01

Back to top button
Close