0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаСпорт

Тринкиери се договорил со Партизан

Италијанскиот кошаркарски тренер Андреа Тринкиери се согласи да го преземе Партизан, објави „Спортски Журнал“.

Белград, 31 октомври 2018 (МИА) – Италијанскиот кошаркарски тренер Андреа Тринкиери се согласи да го преземе трофејниот српски клуб Партизан, објави „Спортски Журнал“.

Тринкерии, кој минатата недела беше во Белград на преговори со „црно-белите“ треба да се вратат утре во Србија и да потпише договорот со новиот клуб.

Деби ќе има в недела во Сремска Митровица против Мега Бемакс, која нема пораз по пет круга во АБА лигата.

Италијанецот ќе го наследи Ненад Чанак на клупата на Партизан кој поднесе оставка по пет последователни порази.

Познатиот кошаркарски експерт претходно беше предводник на Бамберг, УНИКС Кант, Верола, Казерт и репрезентацијата на Грција. зс/

Таг
Back to top button
Close