СветСвет.Портал

Три деца убиени во израелски воздушен напад во Појасот Газа

Три палестински деца загинаа во израелски воздушен напад во близина на источната граница на Појасот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Газа, 29 октомври 2018 (МИА) –  Три палестински деца загинаа во израелски воздушен напад извршен синоќа во близина на источната граница на Појасот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.

– Екипите на итната медицинска помош пренесоа тела на три деца на возраст помеѓу 12 и 14 години од местото каде што се случи израелскиот воздушен напад, во Газа, изјави портпаролот на Министерството, Ешреф ал Кидра.

Тој додаде дека децата биле префрлени во болница во Деир ал-Балах во централниот дел на Појасот Газа.

Израелската Армија тврди дека „децата се обидувале да ја оштетат безбедносната ограда и очигледно поставиле експлозивна направа“.  зш/

###

Таг
Back to top button
Close