Дописници МКДОпштински вести

Седум предлози за добивање на признанието „8 Ноември“ за градот Штип

До Комисијата за награди и признанија, која одлучува за доделување на највисокото општинско признание „ 8 Ноември“, а се доделува на Денот на ослободувањето на Штип, се пристигнати седум предлози за добивање на ова признание. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска истакна дека станува збор за предлози, а одлуката ја носат советниците во Советот на Општина Штип.

Штип, 29 октомври 2018 (МИА) – До Комисијата за награди и признанија, која одлучува за доделување на највисокото општинско признание „ 8 Ноември“, а се доделува на Денот на ослободувањето на Штип, се пристигнати седум предлози за добивање на ова признание. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска истакна дека станува збор за предлози, а одлуката ја носат советниците во Советот на Општина Штип.

-Денеска остварив средба со целата комисија којашто е предложена за признанијата за 8 Ноември, коишто ќе ги додели Општина Штип, по повод Денот на ослободувањето на нашиот град. Оваа година има пристигнато седум предлози на кандидати коишто би биле можни добитници на овие награди и признанија, вели Бочварски.

Предлози за добивање на наградите „8 Ноември“ се компанијата „Кит-го“ , Мишко Иванов новинар, Јелена Јованова актерка, Трајче Митев НВО-сектор, Кирил Кузманов музичар, Стојанче Ангелов и Билјана Балабанов универзитски професор на УГД – Штип. Бочварски забележува дека предлозите за признанието ќе бидат доставени до Совет на Општина Штип и на наредната седница ќе се одлучува кој треба да добие признание. Предложените кандидати се луѓе кои дејствуваат во дел на политика, бизнис-сектор, култура образование и наука. вдј/ац/

Таг
Back to top button
Close