Култура

Се одбележува месецот на книгата во Пехчево

Со низа активности матичната библиотека „Кочо Рацин” од Пехчево започна со одбележување на месецот на книгата. Првата активност, како што информираше директорката на библиотеката Јасмина Цековска, се реализираше во соработка со наставниот кадар и учениците од деветолетката „Ванчо Китанов”.

Пехчево, 17 октомври 2018 (МИА) – Со низа активности матичната библиотека „Кочо Рацин” од Пехчево започна со одбележување на месецот на книгата. Првата активност, како што информираше директорката на библиотеката Јасмина Цековска, се реализираше во соработка со наставниот кадар и учениците од деветолетката „Ванчо Китанов”.
– Како дел од одбележувањето на месецот на книгата со учениците и наставниот кадар од пехчевската деветолетка „Ванчо Китанов” организиравме музичко-поетски и драмски перформанс. Во рамки на настанот беа изведени две кратки драмски претстави, а дел од учениците се претставија со свои лилни поетски творби. За музичкиот дел беа задолжени млади таленти, инаку ученици во гимназијата „Ацо Русковски кои настапија со дел од својат богат музички репертоар, информираше Цековска.
Додаде дека сите учесници со нивните ментори добиле благодарници.
Следната активност по повод месецот на книгата како што информираа од пехчевската библиотека ќе се реализира со дечињата од градинката „7 Септември”. вс/цр/09:56###

Back to top button
Close