СветСвет.Портал

Русија, Кина и Северна Кореја повикаа на ревизија на санкциите против Пјонгјанг

Замениците-министри за надворешни работи на Русија, Кина и Северна Кореја по трипартитни консултации во Москва, повикаа на преразгледување на санкциите на Советот за безбедност на ОН кон Пјонгјанг, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Москва, 10 октомври 2018 (МИА) – Замениците-министри за надворешни работи на Русија, Кина и Северна Кореја по трипартитни консултации во Москва, повикаа на преразгледување на санкциите на Советот за безбедност на ОН кон Пјонгјанг, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

– Со оглед на важните чекори што ги презема Северна Кореја за денуклеаризација, се потврдува заедничката позиција против едностраните санкции. Трите земји сметаат дека денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров мора да биде постепена и синхронизирана, се додава во соопштението. паг/сп/12:33

Таг
Back to top button
Close