0_Македонија.ПорталДописници МКДКултура

Ретроспективна изложба на дела од Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка

Избор на дваесет дела од богатата збирка слики на Национална установа Центар за култура Крива Паланка од Меѓународната ликовна колонија „Св.Јоаким Оосговски“  е поставена во галерискиoт простор на установата. 

Крива Паланка, 24 октомври 2018 (МИА) – Избор на дваесет дела од богатата збирка слики на Национална установа Центар за култура Крива Паланка од Меѓународната ликовна колонија „Св.Јоаким Оосговски“  е поставена во галерискиoт простор на установата.

Изложбата ќе биде отворена од денеска, а содржи дела создавани во периодот од создавањето 1987 година до 1999 година.

-Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски – Крива Паланка е единствена од ваков вид во светот, која се одржува во сакрален амбиент. Истата претставува уметничка манифестација  основана во 1987 година од покојниот академски сликар Петар Мазев, кривопаланчанецот Димитар Стојчески и Никола Иванов- Балтон. До 1999 година колонијата работеше под патронатот на Нционална установа Центар за култура Крива Паланка,со  финансии од страна на Министерството за култура, период во кој е создадена збирка од 215 уметнички дела  од познати автори од Македонија и од светот. Тие ќе бидат претставени на денешната ретроспективна изложба, информира Мира Ѓоргиевска, директорка на НУЦК, Крива Паланка.

Изложбата ќе ја обедини македонската и светската култура и уметност преку делата на авторите Мазев, Чемерски, Марковска, Балтон, Стојчевски, Андревски, Клод Дервен, Памела Тол и други.

Овој проект е дел од годишната програма на Министерството за култура.

Изложбата ќе биде отворена напладне, а од Кривопаланечкиот центар за култура ги повикаа сите љубители на уметноста да го посетат изложбениот простор при установата. ид/рп/

Таг
Back to top button
Close