ОстанатоСпорт

Реновиран стадионот на Влазерими во Кичево

Во пролетните врнежи североисточниот дел на градот Кичево најмногу настрада од нaдојдената зајашка река. Покрај приватните куќи со поплавата беше зафатен и стадионот на Влазерими кој неколку дена целосно беше под вода и тоа не само теренот туку и соблекувалните на стадионот. Целиот инвентар настрада па така Влазерими беше принуден неколку натпревари да ги одигра како домаќин на градскиот стадион во Кичево.

Кичево, 22 октомври 2018 (МИА) – Во пролетните врнежи североисточниот дел на градот Кичево најмногу настрада од нaдојдената зајашка река. Покрај приватните куќи со поплавата беше зафатен и стадионот на Влазерими кој неколку дена целосно беше под вода и тоа не само теренот туку и соблекувалните на стадионот. Целиот инвентар настрада па така Влазерими беше принуден неколку натпревари да ги одигра како домаќин на градскиот стадион во Кичево.

Но, што се однесува до стадионот на страна не остана ФФМ која одлучи да му помогна на ФК Влазерими.Токму таа ветена помош од надлежните во Фудбалската федерација на Македонија во целост се реализира, со тоа што првично почна дa се работеше на дренажата на стадионот од сите четири страни на теренот.

Спортскиот директор на фудбалскиот клуб на Влазерими Ружди Алиу изразува задоволство од ова помош што беше ветена од ФФМ и деновиве се реализира.

– Првично се работеше на дренажата на теренот и по тоа следуваше целосната реконструкција на соблекувалните на стадионот како и набавка на потребен инвентар во вредност од околу 33.000 евра , при што се средија и горните катови на овој објект вели Алиу.

Инаку, викендот Влазерими по долго време се врати да ги одигра првенствените натпревари на својот стадион.

Треба да се истакне дека претходно ФФМ го реновираше и градскиот стадион во Кичево односно соблекувалните на овој објект. рз/зс/11:39

Таг
Back to top button
Close