Дописници МK

Разбојништво: Сакал да купи крава, го натепале и му ги зеле парите

Жител на гостиварското село Мало Турчане, вчера пријавил разбојништво што врз него го извршиле две непознати лица.

Гостивар, 19 октомври 2018 (МИА) –  Жител на гостиварското село Мало Турчане, вчера пријавил разбојништво што врз него го извршиле две непознати лица.

Според СВР Тетово, И.Ш (69) имал намера да купи крава на добиточниот пазар во тетовско Боговиње. Во близината на пазарот му се доближиле две лица и му предложиле да појде со нив, зашто наводно тие имале добиток за продавање.

Набрзо, кога тргнале кон центарот на селото, физички го нападнале и од ударите паднал во безсознание. Напаѓачите му одзеле 300 евра и 800 денари.

И.Ш. пота пријавил случајот во Полициското одделение Камењане.

Од СВР Тетово, велат дека се превземаат мерки за откривање на учесниците во разбојништвото и за целосно расчистување на случајот. згм/сд/

 

 

Back to top button
Close