0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Рамос: Жал ми е за навивачите што не им возвративме со позитивен резултат

Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација Серхио Рамос им се заблагодари на навивачите во Севилја за поддршката што ја даваа на „Црвената фурија“ и покрај лошиот резултат на синоќешниот дуел со Англија.

Севилја, 16 октомври 2018 (МИА) – Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација Серхио Рамос им се заблагодари на навивачите во Севилја за поддршката што ја даваа на „Црвената фурија“ и покрај лошиот резултат на синоќешниот дуел со Англија.

– Ни дадоа пружија прекрасна поддршка. Мераклиски е да се игра во Севилја. Благодарност до цел град. Жалам што не успеавме со победа да им возвратиме. Сепак и тие знаат дека Англија е ривал од светска класа. Рано направија голема разлика, ние се обидовме, но не успеавме целосно да ја анулираме негативата, истакна рамос.

Шпанија загуби со 3:2 избегнувајќи висок пораз, бидејќи Англичаните по 38 минути играа имаа водство 3:0.

И покрај поразот Шпанија е лидер во четвртата група А-сегмент од Лигата на нации со шест бода, два повеќе од Англија и пет од Хрватска. зс/10:16

Таг
Back to top button
Close