Дописници МКДКултураКултура.Портал

Промовирана антологијата на балкански афоризми „Трагачи по парадокси“ од Миле Ѓорѓијоски

Во рамки на интернационалната вечер на фестивалот на хумор и сатира “Ин Виница веритас“ беше промовирана антологијата на балкански афоризми „Трагачи по парадокси“ од авторот Миле Ѓорѓијоски.

Виница, 24. октомври 2018 (МИА) – Во рамки на интернационалната вечер на фестивалот на хумор и сатира “Ин Виница веритас“ беше промовирана антологијата на балкански афоризми „Трагачи по парадокси“ од авторот Миле Ѓорѓијоски.

Тоа е четврта книга од едицијата „Балканска сатира“ чиј издавач е виничкиот фестивал, а во неа се застапени врвните афористичарски имиња од Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Романија, Република Српска, Србија и Црна Гора.

-Во антологијата се сместени афоризми на дваесет најпознати балкански сатиричари кои имаат освоени преку 300 награди и објавено исто толку книги. Едноставно, овој избор е кремот на афоризмот на Балканот, а природно е промоцијата на антологијата да ја започнеме од Виница, од фестивалот на хуморот и сатирата. В петок, со поддршка од српското Министерство за дијаспора ќе ја претставиме на Саемот на книгата во Белград, потоа во Темишвар, Романија во Варна, Бугарија и во Црна  Гора. Сето тоа без бугарски пасош, немаме никакви ограничувања, но имаме бугарски сатиричари, истакна авторот на книгата, Миле Ѓорѓијоски.

Дел од авторите застапени во книгата пред виничани споделија афоризми од своето богато творештво, а како гости на првата интернационална вечер за хумор и сатира беа и македонските афористичари Витомир Долински, Љупчо Силјановски, Јане Атанасов и Ленче Стојменова. та/сд/

 

Back to top button
Close