Дописници МКДКултура

Промоција на книгата „Кичево и Кичевско (1894-1904)“

 Во Центарот за култура во Кичево вечер од 19 часот ќе биде промовирана книгата „Кичево и Кичевско (1894-1904)“ од Ѓорѓија Сајкоски, за која авторот користел голем број архивски извори, историска литература и сеќавања.

Кичево, 24 октомври 2018 (МИА) – Во Центарот за култура во Кичево вечер од 19 часот ќе биде промовирана книгата „Кичево и Кичевско (1894-1904)“ од Ѓорѓија Сајкоски, за која авторот користел голем број архивски извори, историска литература и сеќавања.
Маја Николоска-Силјаноска од Центарот за култура во Кичево вели дека изданието ќе  им послужи како основа зна идните генерации кои ќе истражуваат за востаниците во кичевскиот крај.
– Тие успеаја да создадат слободна територија, да ја заштитат, но и да формираат власт на таа територија. Успеале најдолго да ја одржуваат слободната територија во Македонија. За да се утврди вистината за активностите  во Кичево и Кичевско во период од десет години во времето на подготовките за востанието, Сајкоски користи голем број архивски извори, историска литература и сеќавања.. Сето тоа е преточено во оваа работа, рече Николоска-Силјаноска. рз/хс/

Таг
Back to top button
Close