Политика

Презентација на проектот „Медицински кловнови“ во Медицинскиот симулациски центар

Министерот за здравство Венко Филипче,  претставникот на организацијата „Хоуп“, Емилија Диковски, почесниот конзул на Израел во Република Македонија, Градимир Шумковски и тренерите од проектот „Дрим Докторс“, Ноам Инбар и Ротем Голденберг од Израел, денеска ќе го претстават проектот „Медицински кловнови“ и ќе доделат сертификати на 26 учесници за завршена обука.

Скопје, 26 октомври 2018 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче,  претставникот на организацијата „Хоуп“, Емилија Диковски, почесниот конзул на Израел во Република Македонија, Градимир Шумковски и тренерите од невладината организација „Дрим Докторс“, Ноам Инбар и Ротем Голденберг од Израел, денеска ќе го претстават проектот „Медицински кловнови“ и ќе доделат сертификати на 26 учесници за завршена обука.

Презентацијата на проектот ќе се одржи во Медицинскиот симулациски центар, кој се наоѓа во близина на Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство информираат дека проектот се реализира со помош на организацијата на Проект Хоуп, Израелската амбасада, Mаshav, и со „Дрим Докторс“. рп/са/

Back to top button
Close