0_Web_Актуелно0_Македонија.Портал

Предлог за укинување на плаќањето по учинок на здравствените работници

На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница одлучи до Собранието на РМ да биде доставен Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, во кој, меѓу другото, се укинува принципот на плаќање по учинок на здравствените работници.

Скопје, 30 октомври 2018 (МИА) – На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница одлучи до Собранието на РМ да биде доставен Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, во кој, меѓу другото, се укинува принципот на плаќање по учинок на здравствените работници.

Основната плата и делот за успешност ќе се утврдува согласно колективниот договор, како создавање услови за обезбедување здравствени работници во јавните здравствени установи преку преземање од приватните здравствени установи. мч/ац/

Таг
Back to top button
Close