0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталДописници СветПолитика

Позитивни реакции од претставници на грчката влада за обезбеденото мнозинство во Собранието  

Министри од грчката Влада  како позитивен и голем чекор го оценуваат обезбеденото двотретинско мнозинство за уставните промени.

Атина, 20 октомври 2018 (МИА)  – Министри од грчката Влада  како позитивен и голем чекор го оценуваат обезбеденото двотретинско мнозинство за уставните промени.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, кусо откако беше соопштен резултатот од гласањето, на личните и официјални Твитер профили се огласија владиниот портпарол Димитрис Ѕанакопулос, алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос и министерот за дигитална политика Никос Папас.

-Се направи првиот голем чекор за да стапи во сила историскиот Договор од Преспа. Гордо продолжуваме за Балкан на мирот, пријателството и на соработката, напиша Ѕанакопулос.

-Добиено потребното мнозинство за уставни промени во ПЈРМ. Важен и позитивен чекор. Одиме напред, коментираше преку Твитер, министерот за дигитална политика Никос Папас.

-Се потврдува динамиката на Договорот од Преспа во корист на двата народи, но и на стабилноста во регионот, напиша алтернативниот МНР, Јоргос Катругалос и сподели линк со вонредната вест објавена на официјалниот Твитер профил на грчката државна телевизија ЕРТ во однос на резултатите од гласањето во македонското собрание.ср/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close