0_Магазин.ПорталСцена

Поранешна алкохоличарка најмлада богаташка на листата на „Форбс“

Линдзи Снајдер се најде на насловната страна на „Форбс“ за овој месец, како најмлада жена на листата на најбогати Американци.

Лос Анџелес, 15 октомври 2018 (МИА) – Линдзи Снајдер се најде на насловната страна на „Форбс“ за овој месец, како најмлада жена на листата на најбогати Американци.

Снајдер има 36 години и над три милијарди долари богатство, што го наследила од татко и, кој се предозирал со лекови во 1999 година.

Но, како што објави „Дејли Мејл“. животот не бил секогаш благонаклонет кон богатата наследничка, која во минатото била зависник од алкохол,

Снајдер сега е на чело на Управата на синџирот ресторани „Ин-енд-Аут”.

Во јубилејниот „Форбс 400″ Снајдер говори за своето мрачно минато, како и за трите разводи.

– Тоа беше црн период во мојот живот. До 22-та година веќе бев на дното, изјави таа.

Моментно е омажена за четвртиот сопруг Шон Елингсон. Линдзи вели дека рехабилитацијата, но и грешките со мажите, ја направиле посилна жена, каква што е денес. си/сп/16:15

###

Таг
Back to top button
Close