ЕвропаЕвропа.Портал

Полскиот Врховен суд ги повика судиите да се вратат на работа

Претседателот на полскиот Врховен суд ги повика судиите да се вратат во највисокиот национален суд откако Европскиот суд на правдата на Полска и нареди итно повлекување на Законот со кој беше намалена возраста за пензионирање на Врховниот суд.

Варшава, 22 октомври 2018 (МИА)Претседателот на полскиот Врховен суд ги повика судиите да се вратат во највисокиот национален суд откако Европскиот суд на правдата на Полска и нареди итно повлекување на Законот со кој беше намалена возраста за пензионирање на Врховниот суд.

Сите судии, кои се законски принудени да се пензионираат, им е наредено да се вратат на своите места, изјави претседател на Врховниот суд, Малгорзата Герсдорф.

Неколку судии денеска веќе се појавија на суд, вели портпаролот на судот, Михал Ласковски.

Европската комисија ја испрати Полска на највисокиот суд на ЕУ, тврдејќи дека со новиот закон, претставен во април, се кршат темелните европски вредности.

Брисел и Варшава се во конфликт од крајот на 2015 година поради загриженоста дека реформата на полската конзервативна влада го става тамошното судство под претерано политичко влијание.

Оваа мерка ја спушти старосната граница за пензионирање на судиите на Врховниот суд од 70 до 65 години, со што во пензија заминаа 21 судија, вклучувајќи ја и Малгорзата Герсдорф, првата претседателка на таа институција.

Судиите опфатени со реформата можат да побараат од полскиот претседател продолжување на мандатот, но нема „јасни критериуми” за таа одлука, ниту правен надзор, утврдила Комисијата. ир/зш/

 

Таг
Back to top button
Close