0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Поднесено обвинение за судијата Обрадовиќ (видео)

Посебното одделение на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, поднесе тужба против фудбалскиот судија Срѓан Обрадовиќ кој досуди еден од најчудните пенали во историјата на фудбалот.

Нови Сад, 11 октомври 2018 (МИА) – Посебното одделение на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, поднесе тужба против фудбалскиот судија Срѓан Обрадовиќ кој досуди еден од најчудните пенали во историјата на фудбалот.

Обрадовиќ на дуелот Спартак – Раднички одигран во мај минатата година досуди пенал за Спартак на изненадување на сите присутни на стадионот во Суботица, по кој домаќините постигнаа гол за 2-0.

Обрадовиќ по мечот беше во притвор еден месец, а потоа пуштен да се брани од слобода.

Обвинението за судијата од Јагодина е дека тој ја злоупотребил службената положба фаворизирајќи ја домашната екипа. зс/09:31

Таг
Back to top button
Close