Дописници МKКултураКултура.Портал

Почнаа нови ископувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане

Археолозите од НУ Музеј Куманово почнаа со овогодинешните ископувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане. Тие работат на два сектори на акрополата и западната тераса на локалитетот кој се проценува дека е од хеленистичкиот период, 4 и 3 век п.н.е.

Куманово, 28 октомври 2018 (МИА) – Археолозите од НУ Музеј Куманово почнаа со овогодинешните ископувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане. Тие работат на два сектори на акрополата и западната тераса на локалитетот кој се проценува дека е од хеленистичкиот период, 4 и 3 век п.н.е.

Археолозите во изминатите години при истражувањата на  локалитетот пронајдоа остатоци од луксузна архитектура, градби во чии што склоп биле вградувани јонски столбови од локално производство, од локален камен од којшто се произведени, за што доказ се пронајдените деловите од столбовите. Открени беа ѕидови премачкани со малтер со фреско-декорација, што сведочи за високото културно и цивилизациско ниво на кое што се наоѓал овој безимен град на локалитетот Градиште.

Повеќеслојното наоѓалиште археолозите го истражуваат неколку години наназад  и досега се откриени делови од градби, меѓу кои значајни се остатоците од градбата кои најверојатно припаѓале на луксузна резиденција или палата, која датира од 4 век п. н.е.Пронајдена е и богата декоративна камена пластика и капители од јонски столбови.

Локалитетот Градиште во  Младо Нагоричане за прв пат е откриен пред околу 30 години, а уште при самото прибирање на површинскиот материјал, увидено е дека станува збор за богата населба лоцирана на левиот брег на Пчиња, која егзистирала во периодот на енеолитот, железното време, раната антика и хеленизмот. ам/сст/

Таг
Back to top button
Close