0_Спорт.ПорталКошаркаСпорт

Почина Патрик Бауман, генерален секретар на ФИБА

Генералниот секретар на Меѓународната кошаркарска федерација Патрик Бауман почина на 51-годишна возраст, соопшти ФИБА.

Буенос Аирес, 14 октомври 2018 (МИА) – Генералниот секретар на Меѓународната кошаркарска федерација Патрик Бауман почина на 51-годишна возраст, соопшти ФИБА.

Бауман почина во Буенос Аирес од срцев удар за време на Олимписките игри за млади

Тој е во ФИБА од 1994 година. Првин работаше како адвокат. Генералниот секретар на Светската кошаркарска федерација е од 2002 година, кога тој беше едногласно избран за таа функција. Од 2007 година е член на Меѓународниот олимписки комитет и е член на бројни организациски комитети на светските првенства и на Олимписките игри.

Баумен исто така беше истакнат член на Светската антидопинг агенција и еден од првите што даде поддршка за развојот на 3×3 баскет. зс/12:21

Таг
Back to top button
Close