СветСвет.Портал

Парли: Антиџихадистичката коалиција на Г5 Сахел планира операции овој месец

Силите на антиџихадистичката коалиција на земјите од групата Г5 Сахел планираат операции во октомври, изјави денеска француската министерка за вооружени сили Флоренс Парли.

Париз, 8 октомври 2018 (МИА) – Силите на антиџихадистичката коалиција на земјите од групата Г5 Сахел планираат операции во октомври, изјави денеска француската министерка за вооружени сили Флоренс Парли.

– Коалициските сили, чие седиште во Мали беше изложено на  жестоки напади во јуни, ги продолжија своите операции, изјави Парли пред да замине за Чад, каде ќе се сретне со претседателот Идриз Деби Итно.

Парли ќе ги посети и француските војници стационирани во главниот град на Чад, Нџамена, вклучени во операцијата „Бархан“.

– Новиот началник на Генералштабот на коалициските сили, мавританскиот генерал Ханена Улд Сиди, планира нови операции за октомври, со поддршка на „Бархан“, рече Парли.

Групата Г5 Сахел, во кој учествуваат војници од Мали, Мавританија, Чад, Нигер и Буркина Фасо, го премести својот штаб од Севаре во централниот дел на Мали во Бамако, по нападот на џихадистите на 29 јуни, при што загинаа три лица.

Организацијата Г5 Сахел го обнови својот проект за заеднички воена сила во 2017 година. Сепак, 414 милиони евра од донаторите ветени на меѓународна конференција на 23 февруари се уште не се обезбедени.

– Предизвикот сега е да се остварат ветувањата за финансиска помош за да може да се нарача оружје, што конечно се случува, но потребно е време, појасни француската министерка.

За една година, бројот на војници во Г5 Сахел достигна 80 проценти од предвидените 5.000. Тие спроведоа неколку операции со директна и логистичка поддршка на „Бархан“, но се уште не се судриле со  џихадистите на бојното поле. паг/сп/12:54

Таг
Back to top button
Close