0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваНаука и технологија

Отворен Петтиот симпозиум на високо ниво на тинк тенкови од Кина и земјите од ЦЕИ

Кинеска поговорка вели, „патот од 1000 милји започнува со еден чекор. Процесот 16+1 како еден чекор е платформата за РМ да продолжи со продлабочување на соработката со НР Кина и земјите од ЦЕИ, изјави премиерот Зоран Заев во обраќањето на Петтиот симпозиум на високо ниво на тинк тенкови од Кина и земјите од Централна и Источна Европа што беше отворен денска во МАНУ.

Скопје, 30 октомври 2018 (МИА) – Кинеска поговорка вели, „патот од 1000 милји почнува со еден чекор. Процесот 16+1 како еден чекор е платформата за РМ да продолжи со продлабочување на соработката со НР Кина и земјите од ЦЕИ, изјави премиерот Зоран Заев во обраќањето на Петтиот симпозиум на високо ниво на тинк тенкови од Кина и земјите од Централна и Источна Европа што беше отворен денска во МАНУ.

Тој нагласи дека за забрзување на економскиот развој на Република Македонија приоритет е стабилноста на земјата, како и владеење на правото и затоа, рече, мала и рационална економија како нашата се стреми да биде дел од поголем безбедносен систем. Го истакна историскот момент во кој се наоѓа земјата, што е исклучително важен бидејќи, вели, со поканата за членство во НАТО, со почнатиот процес на преговори со ЕУ и со примената на новите економски политики, перформансите на економијата почнаа значително да се подобруваат и да покажуваат стабилизација и раст.

– НР Кина претствува нови трендови во технологијата, е-трговијата, грижата за екологијата и инфаструктурата. Искористувањето на економските потенцијали на соработка во областа на енергетиката и инфраструктуарта, продлабочувањето на културните релации, соработката во образованиети дополнително ќе придинесат за подобрување на севкупниот стандард на нашите граѓани. Убеден сум дека нашите земји во иднина можат да ги постигнат таргетираниет цели за економски развој, примената на новите технологии, модернизацијата, дигитализацијата и ревитализацијата на произведните капацитети, квалитетен образовен систем што продуцира кадри според потребите на пазарот на трудот, квалитетна патничка и железничка инфраструктура се целите, што и верувам, заедно можеме да ги реализираме, порача Заев.

На форумот, што е во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при МНР на Република Македонија, Македонската академија на науките и уметностите, Генералниот Секретаријат на „16+1“ и Кинеската академија за општествени науки, се обрати и првиот човек на МАНУ, академик Таки Фити, кој истакна дека Македонија активно партиципира во овој процес од самиот негов почеток, и учествуваше во сите шест досега одржани самити на процесот.

-Македонија прва потпиша договор за искористување на дел од средствата од Кредитниот фонд за финансирање инфраструтурни проекти. Во Македонија е отворен Координативниот центар за културна соработка во рамки на Процесот 16+1. Неколку големи кинески компании покажаа интерес за инвестирање и соработка во доментот на енергетиката – гасификација, изградба и модернизација на енергетски објекти (хидроцентрали, термоцентрали, комбинирани централи), инвестициско проектирање и сл. Ние сме посебно заинтересирани и за соработка во доментот на земјоделството, туризмот и други економски сектори, за што потенцијалите се големи и треба да се искористат, рече Фити.

Според Ванг Џинчинг, потпретседател на Кинеската академија за општествени науки, овој симпозиум е битна иницијатива на оваа академија во формирањето мрежа на тинк-тенк комуникација помеѓу Кина и земјите од Процесот, што опфаќа голем број познати и престижни платформи, а ќе овозможи нивна соработка. Академијата содржи 40 истражувачки институти во различни области и е највисоката кинеска научна институција од областа на хуманитарните и општествените науки и е најширок тинк-тенк во Кина.

Петтиот по ред „Симпозиум на високо ниво на тинк тенкови од Кина и земјите од Централна и Источна Европа“ е еден од механизмите за соработка  на „Процесот 16+1“ на кој научници, истражувачи, експерти и други преставници на тинк тенк заедницата имаат можност денеска и утре преку своите научни трудови и анализи да дадат придонес во понатамошното креирање на идните развојни активности на Процесот за соработка 16+1.

Република Македонија во 2019 година ќе биде домаќин на 4. Министерски состанок за култура на Процесот 16+1. вг/сд/

Таг
Back to top button
Close