Свет

Јордан поништува делови од мировниот договор со Израел

Јорданскиот крал Абдула Втори одлучи да не обнови некои делови од историскиот мировен договор со Израел.

Аман, 21 октомври 2018 (МИА) – Јорданскиот крал Абдула Втори одлучи да не обнови некои делови од историскиот мировен договор со Израел.

Јордан ќе се повлече од два анекси на мировниот договор од 1994 година со кои му се овозможуваше на Израел да изнајми две мали области, Бакура и Гамри од Јорданците на 25 години, се наведува во соопштението на јорданскиот крал.

Договорот за закуп истекува следната година, а монарх рече дека го информирал Израел за неговата одлука.

– Го применуваме нашиот полн суверенитет над нашата земја. Наш приоритет, во овие регионални околности, е да ги заштитиме нашите интереси и правиме се што се бара од Јордан и Јорданците, наведе Абдула Втори.

Тој не ја откри причината за одлуката.

Бакура или Нахарајим, како што областа ја нарекуваат Израелците, се наоѓа јужно Галилејското Езеро во северниот дел на Израел, а Гамр или Зофар, јужно од Мртвото Море на југ. Двете области се на границата.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како одговор на најавата на јорданскиот крал рече дека Израел има намера да преговара со Јордан за продолжување на закупот.

– Не постои сомнеж дека договорот е важен, рече Нетанјаху, оценувајќи дека мировните договори со Јордан и Египет се упоришта на регионалната стабилност, наведува Н1.

Израелските медиуми објавија дека кралот Абдула е под притисок од парламентот да не го обнови закупот и дека 87 пратеници потпишаа петиција за тоа.

Минатиот петок имаше протести во Аман барајќи враќање на териториите, па дури и целосно поништување на договорот со Израел. ссм/

Таг
Back to top button
Close