Дописници МКД

Општина Старо Нагоричане го распиша конкурсот за ноемвриската награда

Куманово, 15 октомври 2018 (МИА) - Општина Старо Нагоричане го распиша овогодинешниот конкурс за доделување на ноемвриската награда, соопштија денеска од комисијата за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија од Советот на општината.

Куманово, 15 октомври 2018 (МИА) – Општина Старо Нагоричане го распиша овогодинешниот конкурс за доделување на ноемвриската награда, соопштија денеска од комисијата за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија од Советот на општината.

Наградата се доделува на свеченост по повод 11 Ноември, Денот на општина Старо Нагоричане. Пријавувањето на кандидатите почнува од денеска и ќе трае наредните десет дена.

– Секој може сам да се пријави, а можат да го пријават индивидуалци или пак здруженија на граѓани, изјави претседателката на комисијата, Тања Јовановска.

Годинава како и претходните, општината ќе додели награди во неколку категории – за најдобар земјоделец, најдобар сточар, најуспешна фирма, најдобар просветен работник и најдобар спортист. Наградите  ќе бидат доделени на 11 Ноември во просториите на општината Старо Нагоричане. ам/вг/11:00

Таг
Back to top button
Close