Општински вестиСкопје

Општина Кисела Вода обезбеди прочистувачи и реквизити за детските градинки

Општина Кисела Вода обезбеди повеќе прочистувачи за воздух за двете јавни детски градинки кои се во нејзина надлежност, а за една од нив обезбедни се и реквизити кои ќе помогнат во развојот на дечињата.

Скопје,  25 октомври 2018 (МИА) – Општина Кисела Вода обезбеди повеќе прочистувачи за воздух за двете јавни детски градинки кои се во нејзина надлежност, а за една од нив обезбедни се и реквизити што ќе помогнат во развојот на дечињата.

Градоначалникот Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на општината, Дарио Шимиќ и секретарот, Александар Алексовски беше во посета на дечињата и вработените во објектите на ЈДГ „Весели Цветови“ и ЈДГ „8 Март“  .

Со поддршка од општината за потребите на овие две јавни детски градинки извршена е набавка на прочистувачи за воздух, кои при поголеми надворешни загадувања на воздухот значително ќе го подобрат квалитетот на истиот во нив, а воедно ќе се намали и ризикот од заболувања на дишните патишта кај дечињата. За оваа цел по пат на дотации од страна на Општина Кисела Вода во „Весели Цветови“ поставени се 20 прочистувачи за воздух. Неодамна во оваа градинка беа донирани 15 прочистувачи за воздух. Со последната набавка која ја обезбеди општината,  во сите шест објекти на ЈДГ „Весели Цветови“ поставени се 35 прочистувачи за воздух.

Покрај ова „Весели Цветови“ со поддршка од локалната самоуправа за дечињата кои престојуваат во нејзините шест објекти обезбеди нови играчки  и дидактички материјали за сите воспитни групи. Децата кои ја посетуваат оваа градинка при нивниот престој во истата ќе си играат со различните дрвени сложувалки, ролкостери, друштвени игри и реквизити за физички активности преку кои ќе го потикнуваат социоемоционалниот и психомоторен развој.

За ЈДГ „8 Март“ Општина Кисела Вода изврши набавка на 31 прочистувач за воздух, за сите занимални во нејзините објекти. Воедно, оваа градинка од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање доби донација од 11 прочистувачи за воздух. Со помош од општината за вработените обезбедени се и нови униформи.

Двете јавни детски градинки работејќи во насока на подобрување на условите за згрижување на дечињата во објектите на градинките, распишаа јавни набавки за опрема (масички, плакари, столчиња, креветчиња, гардеробери, клупи и сл.) како и кујнска опрема, бела техника, дидактички и кровен материјал и сл. До крајот на овој месец со поддршка од општината ќе се дообезбедат прочистувачи за воздух и за останатите објекти на јавните детски градинки. ац/сд/

Таг
Back to top button
Close