Дописници МКДКултураКултура.Портал

Ретроспективна изложба на Клифов во Прилеп

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва ќе биде отворена ретроспективна изложба од Коста Клифов.

Прилеп, 26 октомври 2018 (МИА) – Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе биде отворена ретроспективна изложба од Коста Клифов.

Ова е трета самостојна изложба на Клифов, кој ненадејно почина. Изложбата насловена „ Крајот почеток е нов почеток – почетокот е нов крај“ е ретроспектива на неговото обемно творештво кое го остави зад себе. 

Клифов е роден во Велес во 1985 година. Факултетот за ликовна уметност во Скопје го завршил во 2009 година. Досега имал повеќе групни и две самостојни изложби низ Македонија и учествувал на неколку ликовни колонии. ем/бак/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close