Политика

МВР Билтен

На 17.10.2018 година во 10,15 часот во Прилеп на улицата „Јоска Јорданоски“ возило „Рено Кангу“ со скопски регистерски таблици, управувано од Д.П.(33) од с.Долно Оризари, удрило во пешакот А.Н. (40) од Прилеп.

Скопје, 18 октомври 2018 (МИА) – На 17.10.2018 година во 10,15 часот во Прилеп на улицата „Јоска Јорданоски“ возило „Рено Кангу“ со скопски регистерски таблици, управувано од Д.П.(33) од с.Долно Оризари, удрило во пешакот А.Н. (40) од Прилеп.

По незгодата со истото возило, соопшти денеска МВР,  А.Н. била пренесена во Општата болница во Прилеп, каде и била укажана лекарска помош и и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Прилеп, се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 17.10.2018 година во 09,13 часот во Битола, пред раскрсницата за село Остерц и село Велушина во правец на село Драгош, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода Фабија“ со битолски регистерски таблици управувано од А.Л. (40) од Битола и патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со битолски регистерски таблици управувано од Л.П. (37) од Битола. Во незгодата А.Л. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му била укажана лекарска помош, додека Л.П. се здобил со телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Битола. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Во Скопје на булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“ вчера во 13,30 часот А.Б. (37) управувајќи патничко моторно возило „Шкода Октавија“, сопственост на МВР, удрил во пешак М.М. (18) од Скопје. М.М. бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“-Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 16.10.2018 година околу 23,55 часот во Тетово во Универзитет на Југоисточна Европа, во објектот – котлара, од страна на внатрешното обезбедување бил забележан пожар на кровната конструкција, при што истата целосно изгорела.Во моментот на пожарот котларата не била во функција односно не работела и повредени лица нема. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Тетово во 00,15 часот пожарот бил локализиран . Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Тетово. Се работи на целосно расчистување на настанот.

На 17.10.2018 година околу 18,00 часот на место викано „Ветарник“ атар на с.Ижиша–Македонски Брод, при извршување на кривично дело „кражба“, од страна на полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод бил затекнат Ф.Т. (32) од Р.Албанија. Истиот е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. цр/10:35

###

 

 

Back to top button
Close