ЕвропаЕвропа.Портал

Могерини: Истрагата за смртта на Кашоги да не биде водена од геополитика

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, на пленарната седница на Европскиот Парламент денеска побара истрагата за смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги да биде водена од потрага по вистината, а не од геополитика.

Стразбур, 23 октомври 2018 (МИА) – Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, на пленарната седница на Европскиот Парламент денеска побара истрагата за смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги да биде водена од потрага по вистината, а не од геополитика.

Могерини потсети, како што јави дописничката на МИА од Брисел, дека премногу детали за убиството на Џамал Кашоги недостасуваат.

– Објаснувањата дадени досега од саудиските власти оставаат многу сомнежи и неодговорени прашања. Истрагата треба да биде водена од потреба по вистината, а не од геополитика, истакна Могерини.

Високата претставничка истакна дека ЕУ во иднина по ова прашање ќе се постави зависно од следните чекори што ќе ги преземат саудиските власти.

– Ќе бидеме цврсти и одлучни во барањето вистина и одговорност, што е различно од одмазда, порача Могерини. тм/гт/

Таг
Back to top button
Close