МИА Радио флеш

МИА РАДИО ФЛЕШ

11:30/30 октомври/2018

– Владата денеска на редовна седница ќе расправа и одлучува за информации, договори, закони и извештаи од повеќе области, економија, здравство, образование, култура… Владиниот кабинет треба да разгледа информација за Акцискиот план за Регионална економска област и за формирање Координативно тело за градење и спроведување на Регионалната економска област во Западен Балкан, со предлог–одлука и предлог–решение за планот.

–  Министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на „Состанокот на Основната група на Минхенската безбедносна конференција“, што се одржува од  денеска до четврток во Минск. Димитров ќе има излагање на тематските панели посветени на односите Исток-Запад, транснационалните закани и регионалните безбедносни предизвици.

– Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ, денеска за време на посетата на Струмица посети повеќе компании кои добија финасиска поддршка за инвестици во нова опрема и нови технологии, производни хали и друга производна инфраструктура, за подигнување на конкуретноста, истражување и развој и за вработувања на нови работници со плата повисока од 18.000 денари, согласно владините мерки за економски раст. Шапуриќ притоа се запозна со плановите за развој на овие компании, но и со проблемите во нивното работење.

– Судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар на три лица осомничени за полов напад врз дете им определи мерка притвор од 30 денови. Претходно, по барање на јавен обвинител, кој поведе постапка, на тројцата првично им беше одреден краткотраен притвор од 48 часа.

– Автобус со патници од Косово е каменуван од засега непознати лица синоќа во Србија, во градот Крушевац, јави дописникот на МИА од Приштина. Нападот со камења, при што е распукана шофершајбната на автобусот, се случил минатата ноќ околу 22:20 часот. Автобусот сообраќал на релацијата Приштина-Виена и по увидот на полицијата го продолжил патот.

– Заедно можеме да помогнеме во решавање на проблемите кои го засегаат поширокиот регион на Балканот, рече министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос по средбата со неговиот руски колега Сергеј Шојгу. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Каменос и Шојгу разговарале за билатералните односи, за прашања поврзани со безбедноста во поширокиот регион на Балканот и Блискиот Исток.

– Девет лица загинаа, а едно се смета за исчезнато по невремето кое ја зафати Италија. Во невремето се повредени десетици лица. Уништени голем број патишта во земјата и поплавени повеќе населени места.

– Спасувачките екипи денеска извлекле 21 тело на рудари кои загинаа во уривањето на рудникот во провинцијата Шандонг, источна Кина, кое се случи пред повеќе од една недела. Кинеските медиуми јавија дека последното тело било извлечено вчера попладне. Во моментот на несреќата на 20 октомври, во рудникот работеле повеќе од 300 луѓе.

– За да го спречи караванот средноамерикански мигранти кои бегаат од насилства и сиромаштија во своите држави да влезе на американската територија, претседателот Доналд Трамп има намера да ги смести во „шаторски градови“ и таму да ги задржи со помош на повеќе од 5.000 војници чие испраќање на мексиканската граница го најави армијата.

– Американска владина радиотелевизиска компанија, која емитува програма за странство, соопшти дека ќе казни вработени одговорни за телевизиски материјал за Џорџ Сорос, кои ги прекршиле професионалната етика и стандарди. Сорос во прилогот е опишан како „еврејски мултимилијардер“ кој врши влијание врз државите преку невладини организации и се цитира коментар на конзервативната организација „Џудишинал воч“ (Правен набљудувач) дека тој ги поткопува демократиите.

– Вкупно четири милијарди луѓе во Азија, што е 92 отсто од населението во регионот, дишат опасно отровен воздух, објавија денеска организации на ОН и предложија серија чекори за намалување на емисиите по цена од стотици милијарди долари. Од седум милиони предвремени смртни случаи годишно ширум светот кои се поврзани со хемикалиите и честичките во воздухот, четири милиони се случуваат во Азија

 

Back to top button
Close