МИА Општински пул

МИА Општински пул

Струмица – Анкета на јавно мислење спроведена во општините покажа дека само 13 проценти од граѓаните се потполно задоволни од услужливоста на шалтерскте работници во општините, беше соопштено денеска на јавната дебата за добро управување во единиците на локалната самоуправа што се одржа во Струмица.

14:30/19 октомври 2018

Струмица – Анкета на јавно мислење спроведена во општините покажа дека само 13 проценти од граѓаните се потполно задоволни од услужливоста на шалтерскте работници во општините, беше соопштено денеска на јавната дебата за добро управување во единиците на локалната самоуправа што се одржа во Струмица.

Покрај тоа, целосната реализиција на едношалтерските услуги е спроведена само во 15 проценти од општините, а повеќето од останатите обезбедуваат само одредени документи по службена должност, најчесто поврзани со катастарски услуги.

Охрид – Експерти од Постојната работна група на Југоисточна Европа од  Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Русија, Србија, Словенија, Турција и Македонија во Охрид одржуваат состанок посветен на проблемот со болеста јазлеста кожа кај говедата.

Станува збор за средба организирана од Глобалната рамка за прогресивна контрола на прекугранични болести кај животните (GF-TADs) и Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија, на која присуствуваа високи претставници од Европската комисија, од Генералниот директорат на ЕК за здравје и безбедност на храна, претставници од Светска организација за здравствена заштита на животните, Европска агенција за безбедност на храна, како и високи претставници од Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО, EU FMD, Европската референтна лабораторија, како и претставници од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, во својство на Национална референтна лабораторија за болеста на Чвореста кожа.

Тетово – Дваесет и еден здравствен работник од тетовската клиничка болница денеска добија сертификати за завршена обука за ефикасна перинатална нега на бремените жени, родилките и новороденчињата.  Активноста е дел од заедничкиот проект на министерството за здравство и фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

Тетовските гинеколози, акушери и неонатолози поминаа двонеделна обука што ја спроведоа домашни и странски експерти. Сертификатите на денешната свеченост им ги додели заменик минитерот за здравство Асим Муса и директорот на клиничката болница Тетово Флорим Бесими.

Велес – Градоначалникот на Велес Аце Коцевски денеска на прес-конференција информира дека  во „Паркот на пријателството – Каршијака“ во Велес наскоро ќе биде поставен споменикот на Кемал Ататур, кој пет години е во Пожарната станица.

-Споменикот е висок три метри, не е излиен во бронза и е кршлив, па затоа треба да направиме поголем и помасовен  постамент од оној што сега  е помал и направен за оваа намена пред пет години, рече Коцевски.

Дебар – Во општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива дебарскиот Меѓуопштински центар за социјална работа информираа дека четирите права од областа на детската заштита ги остваруваат 835 корисници.

Најголемиот број од нив отпаѓа на правото на паричен надоместок за третородено дете или 626 корисници. Од таму додаваат дека бројот на оние кои го остваруваат ова право бележи постојан раст.

Гевгелија – Регионалниот центар за одржлив развој од Гевгелија денеска во вид на едукативна работилница ја одржа јавната расправа на тема „Зошто закон за млади во РМ ?“ на која учествуваа 26 млади од градот и околината.

-Целта на работилницата беше младите да се запознаат со потребата и предностите од постоење на Закон за млади како и со процесот на неговото креирање и потенцијалната содржина. Во таа насока учесниците работеа во групи, детално се запознаваа со деловите од Законот и преку дебата даваа свои сугестии и препораки кои ќе бидат земени во предвид при креирањето на драфт текстот на Законот за млади, посочија организаторите.

Охрид – Не постои универзален, општоприменлив, уште помалку идеален модел на одржливост односно самофинансирање на дигиталните медиуми денес, имајќи ги предвид актуелните социјално-економски, општествени и политички околности што доминираат во државите од регионот речиси без исклучок. Тоа е комплексно прашање детерминирано од многу меѓусебно зависни и поврзани параметри, уште повеќе проблематично доколку се опстојува врз императивот за квалитетно новинарство од интерес на заедницата.
Прашањето на самоодржливоста на електронските медиуми како еден, можеби најважниот, предуслов за независноста на новинарството беше една од темите на дискусија во рамки на меѓународната конференција што во организација на БИРН – Македонија со поддршка на Кралството Холандија викендов се одржува во Охрид.

Македонска Каменица – Поради замена на цевка на главната водоводната линија, денеска жителите од Бачовска маала во Македонска Каменица ќе бидат без вода за пиење. Како што информираат од јавното претпријатие „Камена Река“ по отстранувањето на дефектот водоводната линија повторно ќе биде ставена во функција со што жителите од споменатите места повторно ќе можат да ја користат водата за пиење.

Скопје – Градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски, денеска додели награди за најубаво уредени приватни и стопански дворови и балкони. За проектот „Цвеќето и зеленилото на нашата општина” се пријавија 24 лица, а наградите беа рангирани во три категории.

Награди добија пет лица и тоа три за најдобро уреден двор поделени во прво, второ и трето место, едно лице за најдобро уреден балкон и едно лице доби награда за најдобро уредено зеленило пред стопански објект. Наградените, соопштија денеска од општина Гази Баба, добија градинарски алат кој ќе им служи за одржување на зеленилото.

Струмица – Во Основното училиште „Маршал Тито“ во Струмица ќе се изврши поставување на меѓукатна конструкција (плоча) на спратот на училишната зграда и замена на постоечкиот под, а во гимназијата „Јане Сандански“ ќе се фасадира североисточната страна на училишната зграда.

Ова е предвидено со меморандумот за соработка меѓу двете училишта и општина Струмица со Македонскиот центар за граѓанско образование и УСАИД, потишан во кабинетот на градоначалникот, Коста Јаневски.

Македонска Каменица – Во Македонска Каменица реализирана акција за заловување на кучиња скитници на територија на општина Македонска Каменица. За спроведување на акцијата беше ангажирана ветеринарна служба од Куманово која заловените кучиња скитници во понатамошниот третман ќе ги смести во стандардизирано прифатилиште.

Како што информираа од општина Македонска Каменица,освен заловувањето во рсмки на акцијата кучињата скитници ќе бидат третирани со вакцинација и кастрација.

Гостивар – Во изминативе девет месеци од годинава од СВР Тетово спровеле  50 акциски контроли во угостителски објекти (тетовско 33 и гостиварско 17). Контролите биле дел од активности за откривање и законско санкционирање на странски државјанки кои непријавено престојуваат и работат или се инволвирани во евентуални кривични дела.

–  Најголемиот дел од контролите се спроведени во летните месеци јули, август и септември и притоа откриени се 188 странски државјанки (ТЕ-154 и ГВ-34). Најголемиот број од нив (122) се од Република Албанија, 38 од Република Србија, 17 од Република Косово, 5 од Република Бугарија, и по 2 од Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина. При контролите, во објектите била затекната и 201 македонска државјанка, вели Марјан Јосифоски портпарол ан СВР Тетово.

Back to top button
Close