Најава на настани

МИА најави Македонија (ДПЛ)

Скопје - Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери ќе оствари проштална средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Македонија, Лепа Бабиќ. (Кабинет на претседателот/10:00)

26 октомври 2018

Скопје – Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери ќе оствари проштална средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Македонија, Лепа Бабиќ. (Кабинет на претседателот/10:00)

Охрид – Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе се обрати на Самитот на Асоцијацијата на спортски новинари од Југоисточна Европа. (х.„Инекс Горица“/18:00)

Скопје – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе се обрати на промоција на публикацијата „Анализа на случаи на Фемициди-убиства на жени во Република Македонија“ во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. (Центар за дизајн и иновации „Јавна соба“/10:00)

Скопје – Министерот за здравство Венко Филипче,  претставникот на организацијата „Хоуп“ Емилија Диковски, почесниот конзул на Израел во Република Македонија, Градимир Шумковски и тренерите од невладината организација „Дрим Докторс“, Ноам Инбар и Ротем Голденберг од Израел на прес-конференција ќе го претстават проектот „Медицински кловнови“ и ќе доделат сертификати на 26 учесници за завршена обука. (Медицински симулациски центар, во близина на МЗ/ 14:00)

Скопје – Прва македонска годишна конференција за е-трговија во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. (х.„Мериот“/9:00)

Скопје – Национална конференција: Кон интегративен мултикултурализам во рамки на проектот „Различноста е во мода-Промоција на мултикултурализмот на локално ниво“. (х.„Александар Палас“/11:00, изјави за медиуми/10:45)

Скопје – Работилница за поттикнување иновации помеѓу средношколците во организација на Фондот за иновации и технолошки развој-ФИТР. (Спортска сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје – Регулаторната комисија за енергетика ќе одржи подготвителна седница. (седиште на РКЕ/9:00)

Скопје – Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ ќе одржи прес-конференција по повод едногодишниот мандат. (Сала на Советот на општина Центар, барака бр.6/13:00)

Скопје – Доделување на наградите за филантропија ОКО за 2017. (х.„Континентал“/19:30)

Скопје – ЦИВИЛ-Центар за слобода ќе ги додели наградите за најуспешните граѓански новинарки и новинари од изминатите два месеци. (х.„Опера Хаус, зад Универзитетска библиотека на Адвокатска улица/12:00)

Скопје – Предавање на тема „Телото како вселенски брод“  на Лиза Нојберг, одМалме, Шведска(Музеј на современа уметност/20:00) 

Куманово – По повод Денот на одбележувањето на ослободувањето на Куманово ќе се одржи манифестација за возобновување на „Поткозјачки литературни средби“ 2018. (Занатски дом/19:00)

Скопје – Отворање на изложбата „Уметничката литература-пат кон културен дијалог и соработка“ во рамки на проектот Литературна ренесанса во Пловдив. (НУБ „Св.Климент Охридски“/12:00)

Скопје –  Самостојни изложби на Марија Конеска и Ана Матовска во Отвореното графичко студио при Музеј на Град Скопје  (20:00) 

Велес – Театарот „Јордан Х.К-Џинот” премиерно ќе ја изведе претставата „Елешник” од Југослав Петровски, во режија на Елеонора Теова. (Голема сцена/20:00)

Прилеп – Пијано рецитал на Арда Мустафаоглу. (НУЦК „Марко Цепенков“/19:00)

_________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Таг
Back to top button
Close