МИА Флеш

МИА Флеш

13:00/19 октомври 2018 Скопје – Поради спуштање на влажна и студена воздушна маса од север, од недела попладне времето ќе биде променливо облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег. Пообилни врнежите ќе бидат во ноќта кон понеделник и во понеделник во текот на денот, соопшти УХМР.

13:00/19 октомври 2018

Скопје – Поради спуштање на влажна и студена воздушна маса од север, од недела попладне времето ќе биде променливо облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег. Пообилни врнежите ќе бидат во ноќта кон понеделник и во понеделник во текот на денот, соопшти УХМР.

Повремено ќе дува засилен северен ветер, дневните температури ќе опаднат за 8 до 10 степени, а утринските ќе бидат и под нулата.

Скопје – Успехот на Армијата на Република Македонија од своето 27- годишното постоење на нашата држава за која се жртвуваа илјадници припадници на нашата војска треба да се круниса со успехот наречен Македонија 30. членка на НАТО.

Ова денеска го истакна министерката за одбрана на Радмила Шекеринска на промоцијата на 18. класа потпоручници и на положувањето заклетва на новите питомци од 22.класа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

Скопје – Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан преку Твитер изрази увререност дека пратениците од сите полтички парии во македонското Собрание ќе ги тргнат настрана партиските интереси и ќе донесат одлука во интерес на земјата и граѓаните.

– Ова се одлучувачки денови за Македонија. Пратениците ќе гласаат за историскиот Преспански договор што ги отвора вратите на земјата за евороатлантската интеграција. Ова е гласање за иднината на земјата и позитивните перспективи за граѓаните.

Скопје – Во Македонија може да се измени и дополни во одреден дел постоечкото законодавство што е прилично обемно и секој вид храна посебно се уредува како се складира, означува и како се транспортира. Измените и дополнувањата се потребни пред се во Законот за безбедност на храна што ќе повлече носење нови два подзаконски акти, но и мали измени и на законите за донација и оние закони кои се однесуваат на даночни политики заради ослободување и стимулирање на бизнисите и операторите со храна, за да сакаат да ја донираат храната. Македонија е на второ место веднаш по Србија и пред Албанија, како земји кои не се членки во ЕУ во однос на Банки за храна.

Ова се дел од заклучоците на денешната јавна презентација и тркалезна маса на тема „Националните и Европските политики и правилници со последиците од фрлање храна: Дали ни е потребен нов Закон за нефрлање храна или промена и унапредување на дел од веќе постоечките закони кај нас?“

Скопје –  Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) остро реагира на барањата на ВМРО-ДПМНЕ, државната агенција МИА да ги открие своите извори, наведува оваа медиумска организација во соопштение.

СЕММ потсетува дека едно од основните права, а понекогаш дури и обврска на новинарот е да го заштити својот извор. Упатуваме на Членот 4 од Кодексот на новинарите на Македонија каде што стои:

“Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.”

Атина – Само еден отсто е разликата меѓу оние кои сметаат дека ќе се реализира и оние кои сметаат дека нема да се спроведе Договорот од Преспа, покажува последното истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на прашањето: Од она што го знаете или што го имате слушнато до сега, според вашето мислење, Договорот од Преспа со ПЈРМ ќе се заврши?“, 44 отсто од испитаниците дале негативен (31 отсто „веројатно не“,13  отсто „сигурно не“), а 43 отсто позитивен одговор (33 отсто одговориле „веројатно да“, 10 отсто „сигурно да“).

Атина – Грчката опозициска партија Нова демократија, преку портпаролката и европратеничката, Мариа Спираки, бара од владата да ја објави оставката на Коѕијас за „сите Грци да се информираат што точно се случило“.

-Господинот Ѕанакопулос ја карактеризираше оставката на господинот Коѕијас како несфатлива. Господинот Коѕијас од негова страна, вели дека има причини. Владата треба итно, сега, да го објави писмото со оставката на господинот Коѕијас за сите Грци да се информираат што точно се случило, вели Спираки.

Сараево – Службеници во американската Амбасада во Сараево вршат притисок врз обвинителството на БиХ да поднесе обвинение против новоизбраниот српски член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, со цел да биде спречено неговото преземање на функцијата, објавија “Вечерње новости”.

Според информациите добиени од овој весник, Кортни Клајн, шеф на Канцеларијата за владеење на правото при американската амбасада во БиХ, е задолжен за директно влијание врз обвинителството на БиХ.

Сараево – Босна и Херцеговина не ја поддржува желбата на Косово за членство во меѓународни и регионални организации, како и можната кандидатура на Приштина за членство во Интерпол, соопштии Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина.

Министерството истакна дека Босна и Херцеговина не ја признала независноста на Косово и според тоа не ја поддржува желбата на Приштина да стане членка на меѓународни и регионални организации и евентуална кандидатура за членство во Интерпол.

Берлин – Германскиот министер за финансии, Олаф Шолц, сака да се воведе глобална минимална даночна стапка на профит со цел да спречи компании да купуваат фирми или да основаат седишта во земјите со ниски даноци, пишува „Ханделсблат“, повикувајќи се на експерт за даноци од Организацијата за економска соработка и развој ( ОЕЦД).

Шолц побара од ОЕЦД да го разгледа тој предлог, нагласува германскиот весник.

Берлин – Германската влада годинава одобри продажба на оружје на Саудиска Арабија во вредност од нешто помалку од половина милијарда евра, така што кралството е втор по големина купувач по Алжир, покажува документ на Министерството за економија, во кој имала увид германската агенција ДПА.

Берлин одобрил продажбата на оружје во вредност од 416,4 милиони евра за Саудиска Арабија, која спроведуваше воздушна кампања во Јемен за поддршка на нивниот авторитетен претседател од 1 јануари до 30 септември, објави Министерството, како одговор на барањето за информации поставено од опозициски политичар.

Анкара – Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на 27 октомври 2018 година во Истанбул ќе биде домаќин на четирилатералниот Самит за Сирија, изјави неговиот портпарол.

На Самитот ќе учествуваат претседателот на Русија, Владимир Путин, претседателот на Франција, Емануел Макрон и германската канцеларка, Ангела Меркел, јави Анадолија.

Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го пофали американскиот конгресмен од Монтана, кој физички нападна новинар за време на кампањата за  изборите за Конгрес во 2017 година.

Конгресменот Џајанфорт мора да работи за општото добро во согласност со казната за нападот на Бен Џејкобс, дописник на британскиот весник „Гардиан“, на 24 мај 2017 година, ден пред изборите за едно место во Конгресот од Монтана.

Лондон – Сопругата на поранешниот директор на Интерпол Менг Хонгвеј, кој се води за исчезнат повеќе од три недели, изјави дека не е сигурна дали е тој жив откако го уапсија кинеските власти.

Во интервју за Би-Би-Си, Грејс Менг изјави дека со сопругот не е во контакт од неговото исчезнување и имала заканувачки телефонски повици.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close