0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитички партии

Мијалков: Историското ВМРО имало прозападна ориентација

Поранешниот директор на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, повика на единство во членството на партијата и потсетува дека историското ВМРО имало прозападна ориентација исто како и ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното основање.

Скопје, 22 октомври 2018 (МИА) – Поранешниот директор на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, повикува на единство во членството на партијата и потсетува дека историското ВМРО имало прозападна ориентација исто како и ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното основање.

Тој во изјава за „Прес24“ вели дека во овие моменти најмалку е потребно создавање поделби што ќе имаат за цел да го ослабат ВМРО-ДПМНЕ.

-Им порачувам на сите патриоти, членови и поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, дека е потребно силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ, кое ќе биде стожер на сигурна, безбедна и просперитетна Македонија, вели Мијалков.

Мијалков отфрла какви било шпекулации за негово влијание кон кого било во партијата и дека од денот на неговата оставка од сите партиски функции минатата година нема учество во работењето на политичката партија во која поминал децении. бк/сд/

Back to top button
Close