0_Спорт.ПорталОстанато

Маркез ја освои титулата во Мото ГП

Токио, 21 октомври 2018 (МИА) – Мотоциклистот на Хонда, Марк Маркез ја искористи својата прва шанса да ја освои титулата за сезоната 2018 во кралската класа во Мото ГП со победа во Јапонија.
Тој стана најмладиот петкратен шампион во највисоката класа и седумкратен шампион во сите класи на мотоциклизмот.
Италијанецот Андреа Довициозо со Дукати се обиде да ги помати сметките на Маркез, откако стартуваше од пол-позицијата, но не успеа во тоа. За да го одложи славењето на Маркез, Дови требаше да финишира пред него, но малку пред крајот, Марк го премина и ја зазеде лидерската позиција. Два круга пред финишот на трката, Италијанецот падна во десеттиот свиок на патеката „Мотеги“, со што го остави Маркез непречено на чело.
Зад Маркез завршија мотоциклистот на Хонда, Кал Крачлоу и Алекс Ринс на Сузуки . Четвртата позиција ја зазеде Валентино Роси, кој има шанса да дојде до второто место во генералниот пласман, бидејќи заостанува само девет бода зад Дови. вз/сп/09:15
###

Таг
Back to top button
Close